Кожув се засили со српскиот бек Стефан Симиќ

Кошаркарскиот клуб Кожув продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најново засилување е 30-годишниот српски бек Стефан Симиќ.

Симиќ е висок 193 сантиметри и зад себе има богато искуство од настапите во српската кошарка. Во кариерата го носел дресот на Мега Баскет, Слобода Ужице, Младост Земун и Вршац, а има играно и во Црна Гора за Сутјеска.

Новиот кошаркар на гевгелискиот клуб во 2020 година го освои Купот на Кошаркарската лига на Србија, а во Кожув пристигнува со искуство и желба да помогне во остварувањето на клупските цели.

Од гевгелискиот клуб очекуваат Симиќ со своето искуство да биде значаен дел од тимот во претстојната сезона.

Се вчитува...