Кошаркарите на Кожув запишаа убедлива победа над Куманово од 95-80 во 18. коло од Првата македонска кошаркарска лига, со која се одлепија дополнително од последните три позиции на табелата.
Натпреварот воопшто не почна во знакот на домашните која ја загубија првата четвртина со 20-27. Сепак во продолжението успеаја да се вратат во игра, па на полувремето заминаа со четири поени разлика.
Во израмнетиот натпревар, следната четвртина повторно им припадна на кумановци кои во последниот период од играта влегоа со предност. Но, домашните одиграа најдобро тогаш кога беше најважно. Последната четвртина ја добија со 33-17, за на крајот и убедлива победа.
Најдобар поединец кај Кожуф беше Унрух со 29 поени, а Бродвеј заврши со 20 поени и шест скока. Колев натпреварот го заврши со 13 поени, 12 скока и шест асистенции. Кај противникот Акано беше незапирлив со 35 поени и 9 скока, но не беше доволен да се избегне поразот во Гевгелија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА