Кожув триумфално против вториот тим на МЗТ Скопје

Кошаркарите на Кожув ја запишаа и седмата победа сезонава во Првата македонска кошаркарска лига, триумфирајќи во 19. коло со 73-87 на гостувањето против МЗТ Скопје 2.

Од самиот почеток на мечот гевгеличани се стекнаа со предност која ја контролираа во текот на целиот натпревар. На полувремето заминаа со предност од само пет поени (34-39), но веќе се беше решено во третиот период од играта кој го добија во своја полза со 21-28.

Последната четвртина ја одиграа рутински за конечна победа од 14 поени разлика.

Најдобар во редовите на Кожув беше Оконкво со 24 поени и 8 скока, а по 15 поени запишаа Бродвеј и Колев. Кај домашните Петровски беше најдобар со 25 поени, дополнети и со шест скока.

Се вчитува...