Крај на една ера: Болоња се раздели од Михајловиќ

Синиша Михајловиќ и Болоња ја прекинаа соработката. Италијанските медиуми откриваат дека клубот се решил на ваков чекор поради слабиот старт во сезоната на клубот. Амбициите биле повисоки, па затоа Михајловиќ заминува од клупата.

Во моментов Болоња се наоѓа на 16. место на табелата, има три нерешени и два порази.

Михајловиќ влезе и во конкфликт со навивачите поради, како што рече, го навредувале неговото семејство. Михајловиќ беше во Болоња во 2008 година, а во 2019 се врати во клубот. Неколку месеци подоцна му беше дијагностицирана леукемија, по што мораше на лекување.

Се вчитува...