Легендарниот квтоербек Том Брејди ќе го напушти Њу Ингланд Петриотс, тимот со кој освои рекордни шест прстени во НФЛ лигата, пренесува американскиот ЕСПН.
42-годишникот со останатите клубови од лигата ќе почне да преговара на 16. март кога и официјално стартува преодниот рок. Како најголеми фаворити за негов потпис се споменуваат ЛА Чарџерс, Лас Вегас Рејдерс и Тенеси Тајтанс.
Иако Брејди одлучи да стане слободен агент, сепак од Петриотс се надеваат дека ќе успеат да го натераат својот играч да остане во клубот до крајот на кариерата. Тој со тимот од Бостон шест пати ја освојуваше лигата, три пати беше избран за МВП на регуларниот дел од сезоната, а четири пати беше МВП на Супербоул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА