Крај на една ера: Хамшик си оди од Наполи

Марек Хамшик минатото лето на инсистирање на новиот тренер Карло Анчелоти реши да одбие богати понуди од Кина и да остане од Наполи. Капитенот на „наполитанците“ очигледно жали за тој избор, бидејќи веќе им сугерираше на своите агенти да ги обноват преговорите за словачкиот ас веќе во текот на зимскиот преоден рок да се пресели на Далечниот Исток.

Понуди има на маса, и тоа од неколку клубови кои се подготвени да му дадат четиригодишен договор за плата од десет милиони евра по сезона. Станува збор за сума двојно повисока од она што Хамшик го заработува во Наполи, па јасно е дека кинеските милиони се многу примамливи за овој фудбалер, кој веќе влезе во четвртата деценија од животот.

На потег ќе биде претседателот Де Лаурентис, кој ќе треба да даде зелено светло за заминување на клупската легенда. Во текот на летото се споменуваше отштета од 30 милиони евра, па останува да се види дали таа сума ќе остане важечка и за овој преоден рок.

За потсетување, Хамшик има 32 години, а последните 12 ги мина во дресот на Наполи, стигнувајќи од редовите на Бреша во 2007. Тој има постигнато 116 погодоци во дресот на „наполитанците“, на вечната листа на стрелци прескокнувајќи го и големиот Диего Марадона.

Се вчитува...