Хуан Мата денеска и официјално објави дека ја завршува професионалната кариера, и тоа откако шпанскиот ветеран беше избран за најдобар фудбалер на австралиската лига за сезоната 2025/26.
Ветеранот имаше 38 години кога се закити со ова признание, па иако докажа дека и на оваа возраст може да игра на највисоко ниво, Мата реши да ја заврши кариерата. Тој ќе остане во фудбалот како дел од раководството на клубот Мелбурн виктори, каде досега настапуваше како играч.
„Уживав во секој момент, во сето она што го остваривме минатата сезона, повторно се вљубив во фудбалот на така посебно место, во неверојатен град што имав привилегија да го наречам свој дом. Благодарност до моите соиграчи, стручниот штаб и управата што ми дадоа толкава поддршка“, истакна Мата за клупската веб-страница на Мелбурн виктори.
Мата беше европски првак со Челси во 2012 година, а во кариерата настапуваше уште и за Валенсија, Манчестер Јунајтед, Галатасарај, јапонски Кобе и за крај – во Мелбурн виктори во Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
