Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, ги напушта Лос Анџелес Лејкерс по осум сезони и ќе ја продолжи кариерата во друг НБА клуб.
Како што објави ESPN, повикувајќи се на менаџерот на Леброн, Рич Пол, четирикратниот шампион на НБА ги информираше челниците на Лејкерс дека повеќе не сметаат на него и дека ќе ја дочека сезоната 2026/27 во нов дрес.
Лејкерс му кажаа на Џејмс дека го сакаат назад, но најдобриот стрелец на сите времиња во НБА одлучи да оди на друго место.
Леброн пристигна во Лос Анџелес во 2018 година по успешната епизода во Кливленд и Мајами. Веќе во 2020 година, тој ги предводеше Лејкерси до 17-та шампионска титула во историјата на франшизата, освојувајќи ја наградата за најкорисен играч (MVP) во финалната серија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
