Крај на една ера: Левандовски и официјално заминува од Барселона на крајот на сезоната!

Готово е! Роберт Левандовски ја напушта Барселона на крајот на сезоната. Ова го објави самиот фудбалер на социјалните мрежи.

Полјакот пред четири години стана дел од Барселона откако дојде од Баерн Минхен, и беше заслужен за освоените титули на клубот.

Левандовски објави проштална објава на социјалните мрежи, но не прецизираше кој ќе биде неговиот клуб.

„По четири години, полни со предизвици и напорна работа, време е да продолжам понатаму. Заминувам со чувство дека мисијата е исполнета. 4 сезони, 3 титули. Никогаш нема да ја заборавам љубовта што ја добив од навивачите уште од моите први денови во клубот. Каталонија е моето место на Земјата. Ви благодарам на сите што ги запознав по патот во текот на овие прекрасни четири години. Посебна благодарност до претседателот Лапорта што ми даде можност да го живеам најневеројатното поглавје од мојата кариера. Барса се врати таму каде што припаѓа. Да живее Барса. Да живее Каталонија“, се вели во обраќањето на 37-годишникот, кое беше придружено со специјално видео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Lewandowski (@_rl9)

Се вчитува...