Крај на сагата: Каваи Ленард конечно договори сè со Торонто

НБА-ѕвездата Каваи Ленард, конечно ги договори сите детали со Торонто репторс и наскоро ќе стави и официјален потпис на двегодишен договор.

Договорот е вреден 115 милиони долари, а постои и клаузула за продолжување на уште една сезона, објави „ЕСПН“.

Размената меѓу Торонто и ЛА Клиперс минатата недела беше одобрена од НБА-лигата, иако двата тима се договорија уште на 30 јуни.

 

 

Со ова, Ленард се враќа во тимот со кој во 2019 година ја освои шампионската титула. Торонто за да го врати Ленард мораше во Лос Анџелес да ги испрати Брендан Инграм, Грејди Дик, два избори од првата рунда на драфтот во 2031 и 2033 година, замена за првите избори од драфтот во 2027, како и два избори од втората рунда на драфтот во 2030 и 2033 година.

Со ова конечно е ставен крај на сагата која траеше цело лето и која резултира со суспензија на сопственикот и дел од управата на Клиперси.

Имено, НБА-лигата ги казни бидејќи преку надоврешни компании, му усплаќале дополнителни милиони долари на Ленард како би ги избегнале ограничувањата од селари капот.

Се вчитува...