Крај на сезоната за Кирил Николовски – Еуро Никел останува без центарот

Еуро Никел до крајот на сезоната нема да може да смета на услугите на Кирил Николовски кој поради повреда го очекува пауза од два до три месеци. Центарот дојде како големо засилување во кавадаречкиот тим од редовите на Кожув, значајно влијаеше во играта на вицешампионот, но тренерот Самарџиев сега ќе мора да бара ново решение.

Поранешниот македонски репрезентативец настапи на седум натпревари за „сино-белите“ во кои бележеше просек од 11.1 поен со реализација од 53 отсто за два и 29 за три поени, а додаде и 7.4 скока и 1.7 асистенција.

„За жал Николовски нема да може да ни помогне до крајот на сезоната. Навистина штета за него, а и за нас бидејќи ќе ни беше од голема помош во преостанатиот дел од првенството“, изјави за ЕКИПА, Горан Самарџиев.

Регуларниот дел од сезоната за Еуро Никел заврши во вчерашниот натпревар против Ангели на кој беше забележана 14. победа во лигата.

Се вчитува...