Крај на сезоната за Петра Влхова!

Петра Влхова ја заврши оваа скијачка сезона по тешката повреда на коленото со која се здоби по тешкиот пад на првата трка од велеслаломот во Јасна.

Влхова со хеликоптер веднаш беше префрлена во болница каде е утврдено дека има скинат предни вкрстени лигаменти на десното колено.

„Петра е свесна дека не е ни прва ниту последна на која и се случила ваква повреда. Но, таа веќе со погледот е кон следната сезона“ – истакна тренерот на словачката скијачка, Мауро Пини.

Влхова пред три сезони го освои големиот Кристален глобус наменет за вкупната победничка во Светскиот куп. И оваа сезона беше во одлична форма со три победи во слалом, а во моментов е втора во вкупниот пласман во Светскиот куп со 802 бода, 307 помалку од првопласираната Американка Микеле Шифрин.

Се вчитува...