Бојан Миовски и неговиот Глазгов Ренџерс нема да играат во групната фаза во Лигата на Европа. Токму македонскиот интернационалец беше трагичар откако во 90. минута со глава пропушти голема шанса за победа, и да се избори барем за продолженија против Јагелонија. На крај мечот заврши 1-1, а благодарение на победата од првиот меч од 2-1, полскиот тим оди понатаму.
Елиминација од Лигата на Европа и за солунски ПАОК, кој загуби на гостувањето кај Андерлехт со 3-2, и со вкупни 4-2 се пласираше во следната фаза.
Глазгов ќе игра во плеј-офот во Лигата на Конференции, а таму ќе игра и Дрита од Косово на Ардијан Нухију. Косовската екипа труимфираше и на реваншот со 5-0, и така со вкупни 91 се пласираше во финалната фаза пред групите.
Во плеј-офот во Лигата на Конференции оди и тимот на Борац Бања Лука, на Себастијан Херера. Македонскиот репрезентативец беше во составот во дуелот против Витебск од Белорусија, и триумфираа на пенали 2-4. Шишковски го следеше мечот од клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
