„Кралевите“ без Варан против Севилја

Реал Мадрид в недела ја пречекува Севилја на „Сантијаго Бернабеу“ во еден од најважните мечеви до крајот на шампионатот во Примера, каде води мртва трка со Барселона за освојување на титулата. „Кралевите“ имаат одиграно еден меч помалку и имаат можност да го освојат пехарот, но тимот треба да го задржи победничкиот ритам.

Тренерот Зинедин Зидан на претстојниот дуел нема да може да смета на францускиот дефанзивец Рафаел Варан, кој не го одработи денешниот тренинг и речиси сигурно нема да биде во комбинација за настап. Сепак, добра вест за стратегот на „кралевите“ е што во ритам се врати Португалецот Пепе, кој треба да го заземе неговото место и да игра во тандем со Серхио Рамос.

Повредени се и Дани Карвахал и Герет Бејл, и тие сигурно нема да бидат на располагање за овој меч.

Се вчитува...