„Кралевите“ го имаа најтешкиот пат до титулата во историјата на ЛШ

Реал Мадрид стигна до рекордната 14. титула во Лигата на шампионите, откако синоќа во финалето кое се играше на „Стад де Франс“ во Париз со минимални 1-0 славеа над Ливерпул.

Херој во финалето за „кралевите“ беше Винициус Жуниор кој го постигна победничкиот погодок. Голем број фудбалски легенди се сложуваат дека титулата на шпанскиот тим е најтешката во историјата на ова натпреварување.

Тие прво во осминафиналето славеа над Пари Сен Жермен кој во своите редови ги имаше Мбапе, Нејмар и Меси. Потоа беа подобри од актуелниот европски шампион Челси, а во полуфиналето славеа и против првиот фаворит Манчестер сити.

Се вчитува...