„Кралевите“ ја освоија Ла Лига: Нови шампиони на Шпанија!

Реал Мадрид е нов шампион на Шпанија! „Кралевите“ на едно коло пред крајот на Ла Лига стигнаа до 34. шампионска круна во Шпанија благодарение на победата од 2-1 против Вилјареал, но и поразот на Барселона на домашен терен од Осасуна.

„Кралевите“ до триумфот дојдоа со головите на Бензема во 29. минута и од пенал во 77. минута. Гостите во финишот само го ублажија поразот.

Барселона имаше негатива на мечот против Осасуна уште од 15. минута, Меси во 62. минута израмни на 1-1, но гостите со погодокот на Торес во 94. минута дојдоа до триумф од 1-2.

Мајорка на Александар Трајковски ја напушта Ла Лига, откако на домашен терен загуби од Гранада со 1-3. Трајковски настапи од 72. минута на мечот со Гранада.

Леванте триумфираше со 2-3 на гостувањето против Селта Виго, а играч на мечот беше македонскиот репрезентативец Енис Барди кој ги постигна првите два гола за гостите.

Се вчитува...