Реал Мадрид е на само една победа до освојување на титулата во Ла лига, откако вечерва во последниот натпревар од 36. коло ја совлада Гранада на гости со 1-2. „Кралевите“ брзо стигнаа до водство од 0-2, со головите на Ферлан Менди во 10. минута и Карим Бензема во 16. минута.
Во вториот дел домаќините почнаа да играат подобро. Во 50. минута преку Макис намалија на 1-2, а до крајот на мечот имаа неколку убави шанси преку кои можеа да го изненадат големиот фаворит и да му откинат два бода во трката за титулата. Реал Мадрид сега има 83 бода, односно четири повеќе од најголемиот ривал Барселона и до крајот на шампионатот му е потребна само една победа да стигне до титула. Гранада останува 10. со 50 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА