Реал Мадрид официјално го потврди заминувањето на Алваро Арбелоа, кој повеќе нема да биде главен тренер на првиот тим. Веста доаѓа пред очекуваната потврда за доаѓањето на Жозе Мурињо во кралскиот клуб.
Поранешниот дефанзивец на Реал остана на чело 28 натпревари, победувајќи во 18, двапати ремизираше, а осум пати беше поразен. Сепак, неговиот тим не успеа да остави значаен белег во натпреварувањата. Реал беше елиминиран од Купот на Кралот и Лигата на шампионите, додека трката за шампионатот ја заврши без сериозна борба за првото место.
Клубот од Мадрид се збогува со Арбелоа во соопштение во кое ја истакна неговата долгогодишна врска со клубот.
„Реал Мадрид е многу благодарен на Алваро Арбелоа, кој отсекогаш покажувал лојалност, посветеност и професионализам во текот на целиот свој престој во клубот, откако пристигна во нашата академија. Тој е пример за вредностите на нашиот клуб. Реал Мадрид, кој секогаш ќе биде негов дом, им посакува на Алваро Арбелоа и на неговото семејство се најдобро во оваа нова фаза од нивните животи“, соопшти клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
