Кралевите од готово ќе направеа вересија, победата ја обезбедија во 91-та минута

Фудбалерите на Реал Мадрид со гол во 91-та минута дојдоа до триумф на гостувањето кај Елче во дуелот од шестото коло во Ла Лига.

„Кралевите“ славеа со 2:3 и за малку од готово ќе направеа вересија, бидејќи по првиот дел имаа водство од 0:2, а голот вреден три бода го дадоа во судиското продолжение.

Реал Мадрид по првиот дел имаше предност од 0:2, прво во 25-та минута по слободниот удар кој го изведе Арда Гулер, топката го закачи Дитуро и го измами домашниот голман. Осум минути подоцна Килијан Мбапе зголеми на 0:2.

Во вториот дел, „Кралевите“ му ја предадоа контролата врз топката на домашниот тим и тоа им се одби од глава.
Осорио во 71-та минута намали на 1:2, а во 83-та минута, Нино Фер погоди за 2:2.

По примениот гол, играчите на Реал Мадрид тргнаа на се или ништо, а трите бода им ги донесе Еспи во 91-та минута по асистенцијата на Мбапе.

Се вчитува...