„Кралевите“ со судни маки ја победија Валенсија

Реал Мадрид продолжи по победнички пат, совладувајќи ја Валенсија со 2-1 на „Сантијаго Бернабеу“. Тимот на Зинедин Зидан немаше нималку лесна задача, а Марсело успеа со гол во самиот финиш да донесе нови три бода, многу значајни во трката за шампионската титула.

Кристијано Роналдо во 27.минута го отвори резултатот, а во 57.минута не успеа да реализира пенал. Диего Алвеш го одбрани неговиот удар.

Во завршницата беше многу интересно. Дани Парехо во 82.минута израмни на 1-1 со прекрасно изведен слободен удар, но Марсело четири минути подоцна постигна победнички погодок.

All Goals & Highlights HD – Real Madrid 2-1… by BundesVideo

Се вчитува...