Реал Мадрид дојде до 14-тиот трофеј во Лигата на шампионите во историјата, и стана бесмртен и недостижен по бројот на трофеи. „Кралевите“ се неприкосновени кога станува збор за ова натпреварување, а тешкиот пат до финалето, на крајот го зачинија со трофеј.
„Ушлестиот пехар“ на крајот заврши во рацете на шпанскиот тим. Го подигна Марсело, кој не играше на оваа средба, меѓутоа за збогум нему му беше доделен трофејот.
Ова ќе биде шпанско славје до долго во ноќта. Ќе се слави и во Париз, но и во Мадрид. Стрелец на единствениот гол беше Винисиус Жуниор, но херој беше Тибо Куртоа кој имаше дури девет одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА