„Кралот“ Лајлс се пресели во НБА-лигата

Педро Мартинез го презеде кормилото на Реал Мадрид, но тренерот на „кралскиот клуб“ веднаш дозна дека ќе мора да се снаоѓа без Треј Лајлс, одличниот крилен кошаркар кој блесна во вториот дел од сезоната и имаше исклучителни настапи на фајналлфор турнирот од Евролигата.

Лајлс во изминатите седмици флертуваше со Панатинаикос, но на крајот успеа во намерата – да се врати назад во НБА-лигата договарајќи едногодишна соработка со Минесота тимбервулвс.

Тој своевремено настапуваше за Јута, Денвер, Сан Антонио, Детроит и Сакраменто во најсилната лига на светот, каде има просек од 7,6 поени и 4,3 скокови по натпревар.

Останува да се види како „кралевите“ ќе го заменат Лајлс, а проблемот со крилната позиција во Реал би можел уште повеќе да се продлабочи доколку си замине и Марио Хезоња, кој гласно говореше против управата по одлуката да му биде врачен отказ на тренерот Скариоло.

Се вчитува...