Македонија против Бугарија на 2. јуни во Разград ја отвора новата сезона од Лигата на нации.
Јасно е дека селекцијата на Благоја Милевски ја чека тежок гостински натпревар, ако се знае огромната желба кај источниот сосед да се совлада токму репрезентацијата која во баражот за СП 2022 го елиминираше актуелниот европски шампион Италија.
Огромен е мотивот и кај бугарските репрезентативци пред пресметката со Македонија, најавуваќи дека ќе атакуваат единствено на триумф на 2. јуни. Фудбалерот на Левски, Филип Крастев, кој е во тимот од Софија како позајмен фудбалер од Манчестер сити, категорично тврди дека преку оваа Лига на нации ќе се врати старата слава на Бугарија во европскиот фудбал.
„Ние не сме тим кој треба да стравува од такви земји како што се Македонија, Грузија… Во последните години фудбалски ни беше тешко, не успевавме да победиме. Но, сега тоа треба да се промени и се надевам дека ќе ја вратиме старата слава на бугарскиот фудбал, која ја заслужуваме. Имаме сила за претстојните предизвици“ – вели Крастев во изјава за бугарските медиуми на стартот од подготовките на селекцијата за дуелот со Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА