Кратко траеше пензијата на Милер: Додека играм фудбал, ќе бидам тука за Германија

Томас Милер веднаш по разочарувачкиот мундијал во Катар најави дека повеќе нема да ги брани боите на германскиот национален тим. Сепак, кратко траеше идејата за пензионирање на големиот ас на Баерн Минхен, кој на почетокот од 2023 година ги израдува германските фанови – ставајќи му се на располагање на селекторот Флик и за наредните репрезентативни предизвици.

Секако, се ќе зависи од одлуките на Флик, кој ќе треба да реши дали да продолжи да го повикува ветеранот со кого имаше беспрекорна соработка во Баерн, но Милер јасно стави до знаење дека никогаш нема самиот да се откаже од настапите за националниот тим

„Се додека сум професионален фудбалер, јас ќе бидам достапен за репрезентацијата кога и да бидам повикан. Јас сум секогаш тука за Германија, а за се останато ќе решава селекторот. Не беше лесно по она што ни се случи во Катар, но мора да се најде начин фрустрацијата да биде претворена во позитивна енергија“, изјави Милер.

Се вчитува...