Краткометражен филм за хероите – „Тоа што ние го сонувавме, вие го остваривте“ (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија го заврши настапот на историското прво Европско првенство. Иако без ниту еден освоен бод, фудбалерите се херои на целата македонска јавност поради тоа што беше остварен сонот на многу генерации Македонци.

Во нивна чест направено е видео со целиот пат на А-тимот. Од преземањето на Игор Ангеловски на селекцијата, па се до последниот вчерашен натпревар против Холандија, кој беше последен и за капитенот Горан Пандев во дресот со националните бои.

 

Се вчитува...