Кратовски Куп херои: Пехар и излез во Европа за Силекс (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Заврши и овогодинашното издание на Купот на Македонија. Силекс е освојувач на трофејот, откако во тврдото финале ја совлада екипата на Шкендија со минимални 1-0.

Алиќ во 71. минута го постигна единствениот гол на мечот, со кој кратовскиот тим го однесе пехарот во своите витрини, и она што е важно, излез на меѓународна сцена.

Кратовскиот тим ја круниса оваа успешна сезона со пехар, додека на другата страна Шкендија до неодамна имаше шанса за двојна круна, а на крајот остана без пехар.

Се вчитува...