Крчмаревиќ си замина од Победа, Мегленски нов тренер

Oд денеска нов шеф на стручниот штаб на Победа е долгогодишниот првотимец и капитен, а досегашен помошен тренер, Тони Мегленски.

Одлуката ја соопшти вд претседателката на клубот, Ирена Јакимовска…

“Слободан Крчмаревиќ излезе во пресрет и во ситуацијата во која бевме по лошиот старт на пролетната полусезона ја прифати поканата на идниот претседател Небојша Стојковиќ. Целта беше да помогне во неколку кола иако ние однапред знаевме дека Крчмаревиќ има дополнителни планови и ангажмани. Сега реши да замине со ангажманите кои ги има и кои му се приоритетни во моментов. Она што е значајно ние и понатаму имаме соработка со Крчмаревиќ во делот на преодниот период и избор на играчи и дополнување на играчкиот кадар.Така да соработката со него продолжува а му благодариме на напорот и промените кои ги направи во клубот и му посакуваме успешна кариера понатаму. Се надеваме дека Тони Мегленски, како наш избор за Шеф на Стручниот штаб, доволно научи во овој изминат временски период од Крчмаревиќ, и со своето богато искуство, ќе продолжи онаму каде Крчмаревиќ застана и ќе успее да обезбеди опстанок во Првата лига”.

Крчмаревиќ жали што предвреме заминува од Прилеп…

“Би се заблагодарил на сите во клубот за срдечниот пречек и соработката во овој краток временски период. Уште на самиот почеток на соработката беше договорено да во случај на некои мои обврски нема да се знае и дефиниран периодот на моето останување во клубот затоа што чекав да заминам и претходно.Во секој случај ќе бидам со Победа до крај.Искрено верувам дека фудбалерите заслужуваат да останат во Првата лига.И не само тие туку и сите луѓе кои го водат клубот и кои трошат огромна количина на енергија и се вложуваат значителни финансиски средства и сите обврски кон сите во клубот се измирени. Прилеп како голем фудбалски центар, каде се реновира и Градскиот стадион заслужува да има клуб во Прва лига.Катастрофа би било и за македонскиот фудбал Победа да испадне во Втора лига и за ова сите во македонскиот фудбал треба сериозно да се замислат затоа што Прилеп е фудбалски град и центар кој многу дал за фудбалот во оваа земја.ПОсебно затоа што клубот е организиран на сите нивоа со младинска школа со над 200 децаи 10-тина категории млади селекции.Им посакувам среќа на сите и ќе навивам за Победа”.

Новиот шеф на стручниот штаб Тони Мегленски е свесен за предизвикот и одговорноста..

“Имам отворена понуда од клуб од странство, но сите добро знаат што значи за менеПобеда. Клубот за мене бил и е второ семејство и затоа чувството дека сега и во оваа ситуација сум и најпотребен на Победа. Бев со Победа и кога се освојуваа шампионските титули но и кога се минуваше трнливиот пат од Третата и враќањето во Првата лига. Потребен сум и на екипата и напорно ќе работам го оствариме планот и да останеме во Првата лига. Не очекуваат решавачки натпревари во преостанатите 10 кола и само обединети и сплотени сите структури во клубот, фудбалерите и нашите феноменални навивачи можеме да ја оствариме целта”.

Интересно е дека по вчерашната оставка на Влатко Костов на неделниот меч Ренова-Победа двата тима ќе настапат со нови тренери.

Се вчитува...