Кристал Палас приморен да го продаде капитенот

Кристал Палас се наоѓа во неповолна ситуација да мора ова лето да го продаде капитенот Марк Гуехи со цел да спречи негово заминување на крајот на сезоната како слободен играч.

Англискиот репрезентативец влегува во последната година од договрот и нема намера да го продолжи истиот па и од раководството на клубот потврдија како тој мора да замине со цел клубот за заработи.

Кристал Палас со надеж дека ќе ја продолжи соработката одби понуда вредна 65 милиони фунти за негов трансфер во Њуксал Јунајтед минатата зима па сега се надева на трансфер во вредност од 40 милиони фунти.

Заинтересиран за ангажман на Гуехи е Ливерпул, но со оглед на преголемата потрошена сума на трансфери ова лето, „црвените“ се надеваат на голем попуст од страна на Кристал Палас.

Се вчитува...