Кристијан Грчевски, ВД-селектор на ракометарките

Поранешниот тренер на Бутел, Кристијан Грчевски, ќе ја извршува функцијата селектор на женската ракометна репрезентаација на Македонија за време на квалификациите за ЕП 2024.

Ракометната Федерација на Македонија беше во потрага по нов кормилар на националниот тим по прекинот на соработката со Љубомир Савевски, а од неколкуте кандидати изборот на крајот падна на Грчевски, кој летово имаше ангажман како селектор на женската кадетска репрезентација на Македонија.

„Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ , односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации , Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија донесе Одлука за именување на г-дин Кристијан Грчевски за (ВД) Селектор на женската сениорска репрезентација , а во стручниот штаб се именувани за помошници тренери Ања Алтхаус и Едуарда Амоурим Талевска. Именуваните лица ќе бидат во функција вршители на должност (ВД) , за време период на одигрување на квалификациски натпревари за пласман на Women’s EHF EURO 2024“, се вели во соопштението на Ракометната Федерација на Македонија.

Се вчитува...