Кристијано Роналдо донесе одлука: Почитувани ова е крај!

Кристијано Роналдо не чекаше Жорже Жезус да го објави списокот за ноемвриските натпревари во Лигата на нации на УЕФА. Тој презеде иницијатива и преку објава на Инстаграм соопшти дека завршува со настапите за португалската репрезентација.

По 23 години од своето деби, 234 натпревари, 146 гола и три освоени трофеи, легендарниот Португалец одлучи да стави крај на својата репрезентативна кариера. Со Португалија, тој го освои Европското првенство во 2016 година, како и два трофеја во Лигата на нации.

„Драги Португалци, дојде денот да го вратам дресот на нашата репрезентација со број 7. Никогаш не сум сметал дека тој дрес ми припаѓа исклучиво мене. Но, цели 23 години имав привилегија и одговорност да го носам, да ги бранам неговите бои и да ја претставувам земјата на стадионите ширум светот.“

Денес дојде време да им го препуштам на идните генерации. Одлуката не беше лесна, бидејќи некои одлуки не ги носиме само со главата. Ги носиме и со срцето.

Завршувам едно патување кое започна во август 2003 година и засекогаш ми го промени животот. Кога ќе погледнам наназад и ќе размислам за сè што доживеав во репрезентацијата, не гледам само натпревари, голови, рекорди и трофеи. Гледам луѓе.

Ги гледам нашите иселеници, кои во текот на тие 90 минути чувствуваа дека Португалија им е барем малку поблиску. Гледам милиони Португалци кои никогаш не сум ги запознал лично, но кои биле дел од мојот живот.

Зашто, на крајот на краиштата, фудбалот е многу повеќе од игра. Фудбалот – тоа се луѓето“, стои во соопштението на Роналдо. 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Се вчитува...