Кристијано Роналдо преку Киево на суд во Мадрид

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, по вечерашниот натпревар со Киево експресно патува за Мадрид каде што утре ќе мора да се појави на судско рочиште во случајот за затајување данок. Иако ги отфрли обвинувањата, според најавите од шапнските медиуми, Португалецот ќе се согласи на спогодба според која ќе добие 24 – месечна затворска казна која според законите во државата не подразбира одење во затвор.

Според претпоставениот договор, ќе треба да плати 18.8 милиони евра. Роналдо е обвинет за затајување данок во периодот од 2011 до 2014 година кога беше дел од Реал Мадрид. Сличен договор со шпанските власти за идентично обвиение постигна и Лео Меси.

 

Се вчитува...