Изнајми го Кристијано Роналдо: Еден милион евра за четири часа дружба

За најбогатите луѓе, скоро да не постои нешто во светот што не може да се купи за вистинската цена, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо. Рекордерот на Реал Мадрид по број на голови и без аргументи најпознатиот фудбалер,  за одредена цена може да се користи неговото име како бренд на сите можни начини.

Според досието на веб страницата „Football Leaks“, Кристијано Роналдо е достапен за изнајмување, и тоа за еден милион евра. Португалецот може да биде ваш цели четири часа. Во досието стои дека компанија од Саудиска Арабија се согласила да ја плати оваа цена за услугите на Роналдо во 2013 година.

Во четиричасовниот ангажман на Роналдо присутните имале можност да се сликаат со португалската ѕвезда, да употребуваат две „хаш-таг“ зборчиња за на социјалните мрежи и подари пет потпишани дресови од Реал.

Се вчитува...