Кошаркарките на Крива Паланка успеаја да слават во неизвесна завршница против Вардар (69-76), израмнувајќи ја полуфиналната серија на 1-1. Патникот во финалето ќе се одлучува во трет, решавачки натпревар.
Гостинките доминираа во поголемиот дел од мечот. Предводени од расположената Робинсон, уште во првото полувреме наметнаа силно темпо и заминаа на одмор со убедливи +13 (36-49). И кога се чинеше дека Крива Паланка рутински ќе го приведе мечот до крај со предност од 51-64 по третиот период, Вардар се „разбуди“.
Во драматичен последен квартал, скопјанки направија фуриозна серија, а по тројката на Тасевска на три минути пред крајот, негативата се стопи на само два поени (66-68). Сепак, за разлика од првиот дуел, кошаркарите на Крива Паланка овојпат ги задржаа нервите, не дозволија целосен пресврт и со паметна игра во финишот заслужено стигнаа до триумф.
„Мајсторката“ во серијата ќе се одигра во Крива Паланка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

