Крива Паланка убедлива против Бадел на стартот на женското финале во мак-баскетот

Кошаркарките на Крива Паланка поведоа со 1-0 во финалната серија во женската Лига на Македонија откако вечерва на домашен терен славеа против екипата на Бадел со убедливи 81-64.

Домаќинките одлично го отворија натпреварот и веќе по десет минути играа имаа предност од 24-17. Разликата само се зголемуваше до крајот на мечот каде таа изнесуваше 81-64.

Натпреварот број два е закажан за 2. мај, а финалната серија се игра прв до три победи.

Се вчитува...