Кривична пријава за претседателот на ОФС Штип и член на УО на ФФМ

Претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз на Штип, Димитар Џонов заработи кривични пријави поради постоење основи за сомнение за сторени две кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“, информираа денеска од СВР Штип.

Во соопштението од МВР се наведува дека „СВР Штип поднесе  кривична пријава против Д.Џ. (52) од Штип, претседател на Општински  Фудбалски  Сојуз Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела  „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353 ст.4 б.б. ст.1 и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353 ст.4 в.в. ст.2  и ст.1 , а в.в. чл. 45 од Кривичниот законик на Република Македонија и против Ј.П. (53) од Штип, секретар на Општински  Фудбалски Сојуз Штип,  поради постоење основи на сомнение  за сторени две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по  чл. 353 ст.1, а в.в. чл. 45 од КЗ на РМ“.

Димитар Џонов е и член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, избран од редовите на ОФС Штип на последното Изборно собрание на ФФМ.

„Претседателот на Општински Фудбалски Сојуз(ОФС) Штип Д.Џ.  незаконски  подигнал 70.000 денари од сметката на  ОФС Штип, без претходна Одлука од Управен одбор, за намена и користење  на  парите и по основ на премии во готово исплатил  34.500 денари на 23 фудбалери,  25.000 денари ги вратил на сметката, а 10.500 денари противправно ги присвоил, со што на ОФС Штип причинил материјална штета од  45.000 денари. После тоа, Д.Џ., со намера  да го  покрие незаконското  подигање на парични средства, ја фалсификувал Одлуката од Управен Одбор на ОФС Штип, односно доставил Одлука со печат кој  не  е во сила  Исто така,  Д.Џ. во  периодот од 30.07.2016 година до 21.02.2017 година во повеќе  наврати  присвојувал парични средства и покрај  Одлуката од 30.07.2016 година на Управен Одбор за намена и користење на парите од  Третата  фудбалска  лига Исток, противправно ги задржувал во име и за сметка на ОФС Штип, а незаконски  потрошил сума во износ од 202.929 денари, на штета  на Третата  фудбалска  лига Исток. Во периодот од  01.01 2016 до 31.12.2016 година секретарот на ОФС Штип, Ј.П.,  додека ја извршувал функцијата, ги пречекорил границите на своите овластувања на тој начин што, иако не бил овластен да располага со паричните средства, во три наврати од сметката на ОФС Штип и во два наврати од сметката на Третата  фудбалска лига Исток незаконски подигнал 24.400 денари и истите  ги употребил  за лични потреби, со што причинил штета  на наведените  фудбалски субјекти.  Покрај ова, Ј.П. во два  наврати употребил стари печати со измината важност  со намера да регистрира двајца фудбалери од МФК „Мал Ајакс“ со што  на незаконит начин им овомзожил право на настап во Општинската  Фудлбалска Лига Штип“ – се вели во официјалната информација од надлежните државни институции, а пренесува правдико.

Се вчитува...