Бекам продава автомобил за шест пати помала цена

Кризата поради пандемијата од коронавирусот очигледно не штеди никого. Неа ја осети и легендарниот Дејвид Бекам. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а сега сопственик на МЛС тимот Интер Мајами, го продава својот авотмобил за шест пати помала цена.

Се работи за „олд тајмерот“ Астон Мартин АМВ 8 кој е во сопственост на Бекам веќе петнаесет години. Иако се проценува дека вреди три милиони фунти, огласот на Бекам на сајтот за половни автомобили е само 445.000 фунти.

 

Се вчитува...