Кукуреља: Не размислував за Реал Мадрид, ваква шанса се пружа еднаш во животот

Дефанзивецот на Шпанија и нов член на Реал Мадрид, Марк Кукуреља проговори за својот трансфер од Челси во Реал Мадрид. И покрај тоа што беше поврзуван со Атлетико, во последен миг се одлучи да замине на „Сантијаго Бернабеу“.

Кукуреља вели дека се се случило брзо и дека не размислувал кога стигнала понудата од „кралевите“.

Имаше различни опции, но кога се појави Реал Мадрид, не размислував двапати за тоа. Мислам дека е единствена можност. Играњето за Реал Мадрид е голема чест, а не многу фудбалери можат да го кажат тоа. Овој клуб има посебна магија. Не знам ни како да го објаснам тоа. Мислам дека го видовме тоа многу пати во историјата. Животот поминува низ различни фази. Морав да донесам одлука, и не се сомневам дека е вистинската. Секој фудбалер сонува еден ден да игра во еден од најдобрите клубови на светот, а таков е Реал Мадрид“, изјави Кукуреља. 

Во минатото овој фудбалер беше дел од Барселона, а потоа преку Гетафе и Брајтон замина во Челси, од каде сега се враќа во Шпанија во дресот на Реал.

Се вчитува...