Кукуреља со нов гест за почит: Поштар од Лондон се пофали со златниот медал од мундијалот

Марк Кукуреља се врати накратко во Лондон, да заврши со пакувањето пред селидбата за Мадрид по трансферот во Реал, а шпанскиот дефанзивец во меѓувреме му го разубави денот на локалниот поштар Гери.

При последната достава Гери му го честитал мундијалското злато на Шпанецот, кој возвратил со неочекуван предлог – заедничка фотографија на која поштарот би го носел златниот медал на градите.

„Имав можност да се запознаам со светскиот шампион Марк Кукуреља додека му ја доставував поштата. Каков пријателски настроен скромен човек… Ми го даде и златниот медал за момент, да го подржжам и да се фотографирам со него. Мислам дека сум единствениот Англичанец со фотографија со ваков златен медал во последните 60 години“, објави поштарот кому Кукуреља дефинитивно му го разубаве животот со овој прекрасен гест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Horsham (@visithorsham)

Се вчитува...