Кукурелја: Винисиус нека не трча назад, јас ќе правам се за него

Марк Кукурелја е стандарден во шпанскиот состав на овој мундијал, а левиот бек во меѓувреме го комплеттираше и трансферот од соништата од Челси во редовите на Реал Мадрид.

Дефанзивецот ќе ја има „неблагодарната задача“ да настапува на истата страна од теренот со Винисиус, левите бекови на Реал вообичаено имаат повеќе работа бидејќи Бразилецот не е премногу заинтересиран да помага во дефанзивните задачи, но Кукурелја воопшто не е загрижен поради тоа.

„Винисиус во одбраната? Искрено, не ми е гајле дали ќе трча назад за да покрива, јас сум тука за да ја држам страната во дефанзива. Ќе ја вршам целата „нечиста работа“, само тој да биде свеж и да дава многу клучни голови за Реал Мадрид“, изјави шпанскиот ас, на воодушевување на фановите на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...