Куман бара тригодишен договор од Барселона за да „раскине“ со Холанѓаните

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Роналд Куман, пристигна синоќа во Барселона и денеска ќе има преговори со раководството на каталонскиот гигант за да седне на клупата на тимот од „Камп Ноу“. Тој е првиот избор на претседателот Жозеп Мариа Бартомеу по отказот што го доби Кике Сетиен и дебаклот што Барселона го доживеа од Баерн Минхен (2-8) во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Но, нема да биде така лесно и да се постигне договор. Куман бара гаранција за тригодишен договор за да се реши да „раскине“ предвреме со Фудбалската федерација на Холандија. Тој има обврски со националниот тим на „лалињата“ до завршувањето на Европското првенство кое поради пандемијата на коронавирусот е поместено за јуни 2021 година.

Барселона во моментот му нуди договор на две сезони на клупскиот херој од „Вембли“ кој како играч донесе трофеј во Лигата на шампионите. Бартомеу го почитува како легенда на Барселона и ќе стори се за да го врати на „Камп Ноу“.

Се вчитува...