Куман: Го разбирам Меси, а за судиите немам што да кажам

Тренерот на Барселона, Роналд Куман смета дека поразот во финалето на Суперкупот на Шпанија не е чекор назад за неговиот тим. Атлетик Билбао ја победи Барселона со 3-2 во борбата за трофејот. Натпреварот беше обележан со исклучување на Лионел Меси, кој за прв пат во својата кариера доби црвен картон во дресот на каталонскиот клуб.

Барселона оваа сезона речиси е непрепознатлива во својата игра, никако не може да фати победнички ритам и постојано се мачи во Ла Лига и Лигата на шампиони.

„Подобро е да не зборуваме за судии. Би се повторил, и не сакам да го сторам тоа. Нема да ви кажам што мислам … Го разбирам Меси во целост. Само не знам колку пати противниците направија фаул врз него и го провоцираа“, рече Куман на прес-конференција.

Аргентинецот претходно го пропушти полуфиналето поради повреда, а Куман даде одговор дали Лео беше целосно подготвен за овој натпревар.

„Тој знае кога може да игра и кога не може. Тој одлучи дека може, и тоа е тоа. Ова не е чекор назад. Покажавме дека сме на вистинскиот пат. Направивме сè за да победиме на овој натпревар, но и двата тима беа уморни“, изјави Куман.

Се вчитува...