Куман го советува Дамфрис: Не оди во Реал, оди во Барселона

Веќе е јасно дека холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис ќе стане нов член на Реал Мадрид. Веројатно сите детали се веќе договорени, и само се чекаат претседателските избори и потврда на трансферот.

Меѓутоа не сите се за овој трансфер. Барем не легендарниот холандски фудбалер Роналд Куман, кој го советува фудбалерот да замине во ривалот на Реал Мадрид, Барселона.

„Не знам дали трансферот е официјализиран, но Дензел го заслужува тоа. Сепак, би сакал да го видам во Барселона, а не во Реал Мадрид“, изјави во шега 63-годишниот предводник на Холандија.

Според извештаите, Реал ќе ја активира откупната клаузула од Интер, која изнесува околу 20 милиони евра. Десниот бек моментално е со својот национален тим на Холандија на Светското првенство.

Се вчитува...