Куман оди во Холандија на „шопинг“ за дефанзивци, Барселона бара „спас“ во Ајакс и Феенорд

Барселона има неопходна потреба од дефанзивци, па Роналд Куман побарал од новиот претседател Жоан Лапорта летово клубот да инвестира во одбраната. Најверојатно Ерик Гарсија ќе биде првото засилување за каталонскиот гигант. Стоперот на Сити ќе се врати во Барселона како слободен фудбалер, бидејќи договорот му истекува ова лето.

Сепак, Куман сака уште некој дефанзивец за да може да направи здрава конкуренција и добра ротација во тимот. На неговата листа на желби се двајца фудбалери од холандското првенство. Првиот е Лисандро Мартинез од Ајакс, а вториот Маркос Сенеси од Феенорд. Се работи за двајца релативно млади Аргентинци (23 години), кои важат за иден стоперски тандем на репрезентацијата на „гаучосите“.

Барселона нема пари да ги купи двајцата, бидејќи Ајакс и Феенорд нема да ги продадат ефтино, па Куман ќе мора да одбере еден од Мартинез или Сенеси. Нивната цена на трансфер пазарот моментално е околу 25 милиони евра.

Се вчитува...