Репрезентативецот на Албанија, со потекло од Македонија Таулант Сефери е подготвен за ЕП 2024, исто како и сите негови соиграчи во репрезентацијата Албанија. 27-годишниот Сефери со три гола во квалификациите беше еден од најзаслужите за пласманот на нашиот западен сосед на Европското првенство во Германија.
Сефери е дел од Ворскла Полтава во Украина, додека минатата сезона ја мина на позајмица во Обединетите Арапски Емирати (Банијас).
Медиумите во Европа го опишуваат кумановецот како модерен крилен напаѓач кој игра и со десната и со левата нога, ќе биде тајниот адут на селекторот Силвињо на овој шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА