Куманово договори уште едно домашно засилување

Куманово продолжува со формирањето на ростерот за наредната сезона откако финалистот во Купот на Македонија од годинава осигура уште еден домашен потпис.

По искусните Стајиќ и Крстевски, кумановци го осигураа и потписот на Алек Петкоски, борбениот бек кој доаѓа од редовите на вицешампионот Маџари.

„Со големо задоволство го пречекуваме Алек Петкоски во семејството на МKK Куманово! 💪 Алек е роден на 16 октомври 2004 година, висок е 190 см и настапува на позицијата бек. Во досегашната кариера има настапувано за КК Маџари ГБ во Првата лига и Суперлигата на Македонија, а претходно беше дел и од екипите на ТФТ и Феникс 2010. Има искуство и со младинските репрезентации на Македонија. 🇲🇰

Алек, ти посакуваме многу успех, здравје и одлични натпревари во сино-белиот дрес“, објавија кумановци на официјалниот инстаграм-профил на клубот.

Се вчитува...