Куманово го освои турнирот „Зоран Петковски – Петкото“

Екипата на МКК Куманово е победник на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“, кој се одржа во изминатите два дена во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Кумановци прикажаа најмногу во овие два натпреварувачки дена, во полуфиналето преубедливо славеше над домаќинот Пелистер со 80-61, а потоа во голем стил го одигра и денешното финале со ТФТ триумфирајќи со 75-64.

Одбраната беше заштитен знак на тимот на Марин Докузовски, кумановци успеаја да го неутрализираат одличниот напад на ривалот од Скопје и заслужено стигнаа до трофејот.

Третото место му припадна на МЗТ Скопје Аеродром. Во натпреварот за третото место, актуелниот македонски шампион славеше над Пелистер со 85:63.

За МВП на турнирот избран беше македонскиот репрезентативец од редовите на Куманово, Стојан Ѓуроски.

 

Меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“ – Битола

РЕЗУЛТАТИ

Полуфинале

ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром 85:73

Пелистер – МКК Куманово 61:80

Натпревар за третото место

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром 63:85

Финале

МКК Куманово – ТФТ 75:64

Се вчитува...