Куманово го „прегази“ Работнички

Кошаркарите на Куманово славеа над Работнички со 72-54 во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Домаќините уште од почетокот почнаа силно и веќе по десет минути играа имаа плус девет 22-13. Вториот период донесе малку поени, но и во таква игра подобро се снајдоа домаќините кои на пауза заминаа со позитива од 38-25. Во вториот дел рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 72-54.

Иако пред самиот крај веќе беше познат победникот, сепак на теренот „летаа искри“, судиите доделија четири технички грешки. Марковски направи лична грешка врз Јузбашиќ, кој изреагира бурно. На теренот настана мала мешаница која беше брзо смирена. Технички грешки заработија Јузбашиќ и Волканоски, по една техничка грешка имаше и за клупата на двата тима.

Андрија Марјановиќ со 22 поени беше прво име во победничкиот табор, а го следеше Душан Јузбашиќ со три помалку. Кај поразените Даниел Нацевски заврши со 14 поени.

 

Се вчитува...