Куманово ја ‘освои’ Гевгелија на стартот од плеј-аут разигрувањето

На стартот од плеј-аут разигрувањето во Првата македонска кошаркарка лига, Куманово славеше на гостувањето против Кожуф во Гевгелија со 72-89.

По крајно израмнетото прво полувреме во кое домашните имаа поголема контрола на играта и резултатот, сепак, пресудни подобрата игра на кумановци во вториот дел.

Гостите ја добија третата четвртина со девет поени разлика, па сето тоа умешно знаеја да го чуваат до крајот за убедлива победа.

Најдобар во победничкиот тим беа Марјановиќ со 33 поени и Зивчевиќ со 25 постигнати поени, кои го водеа тимот до победата, додека во редовите на Кожуф се издвоија Унрих со 22 поени и Горан Главчев со 13 поени и 8 асистенции.

Се вчитува...