Куманово му гостува на Петровиќ во Кисела Вода, црно му се пишува на Работнички против ТФТ

Прволигашката програма во македонската кошарка продолжува денеска со четири нови натпревари од 16. коло од кои три започнуваат во исто време, а ќе биде комплетирано во вторник по враќањето на АБА-лигашите на домашно тло.

Од 18 часот денеска не очекуваат натпреварите помеѓу Академија ФМП и Куманово, дуел во кој кумановци ќе му гостуваат на својот поранешен тренер Александар Петровиќ, кој бележи одлични резултати со младиот тим на ФМП. ТФТ ќе го пречека Работнички, уште еден дуел на „центарци“ со тим од Скопје на кој на тимот на Игор Михајловски не му се пишува ништо добро. Во третиот дуел од 18 часот Гостивар ќе го пречека составот на КК Ангели, меч на кој домаќините важат за големи фаворити

ТФТ и Работнички и Гостивар – Ангели во кои домаќините ќе се обидат да ја оправдаат фаворитската улога за нови победи во трка за место во Суперлигата и позитивна атмосфера во пресрет на Купот на Македонија.

Денот ќе биде комплетиран од 20 часот во СЦ „Јане Сандански“ каде новлијата Феникс 2010 против Кожув ќе се обиде да ја продолжи победничката низа и да остане непозарен на домашен терен.

Во понеделник од 18 часот не очекува „братскиот дуел“ помеѓу МЗТ Скопје и МЗТ Скопје 2, додека натпреварот на колото останува последен и ќе биде одигран во вторник во Битола каде Пелистер ќе го пречека вицешампионот Еуро Никел.

Се вчитува...