Куманово во последната секунда се избори за бод против Скопје

Двете последнопласирани екипи на табелата во групата „А“ Скопје и Куманово, одиграа нерешено 25-25, во одличен натпревар кој имаше драматична завршница, со оглед дека Скопје во еден миг имаше и плус три, но гостите на крајот стигнаа до еден бод.

Првото полувреме заврши со резултат 13-11 за домашните, но во вториот дел Куманово успеа да се врати, па потоа Скопје одново да дојде до предност, па повторно израмнување… и така до крај кога Куманово со гол во последната секунда преку Даневски да стигне до бод.

Шокоски со осум голови беше најефикасен кај домашниот тим, додека кај гостите Даневски реализираше девет гола.

Се вчитува...